Светските шампиони ни за, ни против Светско првенство на секои две години

Претседателот на француската фудбалска федерација, Ноел Ле Гре, уште не зазел дефинитивна позиција во врска со идејата на ФИФА да организира светски првенства на секои две години. Тој не е ниту против, ниту ја поддржува идејата на Арсен Венгер.

„Лично јас не сум против, но истотака и нема на слепо да ја поддржам идејата. Важно е да дознаам дали тој проект ќе помогне, или ќе ја навреди француската фудбалска федерација“ – изјави Ле Гре.

Тој додаде дека ќе го поддржи предлогот за мундијали на секои две години, но во женскиот фудбал, и смета дека Мундијалите треба да се играат во зимскиот период.

ФИФА сака повеќе земји да добијат шанса да се најдат на СП, и затоа од 2026 година, планира бројот на учесници од 32, да го зголеми на 48. Најголеми противници на идејата се во Европа и Јужна Америка, но тоа се само 65 гласа од можни 211 кои во декември на Конгресот на ФИФА ќе одлучуваат дали ќе има СП на секои две години.

- Оглас -

Најнови вести