Светско тениско чудо – Беше на два чекори пред пораз со „Марс“ и направи луд пресврт од 0:6, 0:5 и 0:30

Шпанската тенисерка Марина Басолс Рибеиро приреди невиден подвиг со пласман во второто квалификациско коло на тенискиот турнир во Будимпешта и со историски пресврт успеа да победи против Јулија Хатука од Белорусија.

Басолс беше пред порааз со популарниот Марс, односно без освоен гем и губеше со 0:6, 0:5 и 0:30, односно на Белорусинката и фалеа само два поени за победа од 6:0, 6:0 и тогаш тргна уникатниот пресврт.

Басолс која е 213 на ВТА листата нанижа 7 гема по ред и израмни на 1:1 во сетови со 7:5.

Во третиот сет веќе беше доцна за шокираната Хатука за да се врати во игра и сепак да победи, па Басолс го доби сетот со 6:4, победи со 2:1 во еден од најголемите пресврти во историјата на женскиот тенис.

 

 

- Оглас -

Најнови вести