Само 90 минути ја делеа македонскатга фудбалска репрезентација од дебитантски пласман на Светско првенство, но избраниците на селекторот Благоја Милевски не направија ново чудо бидејќи Португалија се покажа како индивудуално многу посилен и поискусен тим, па со казнување на две грешки вечерва во Порто, дојде до победа од 2-0.
Бруно Фернандеш беше стрелец на двата гола кои ја однесоа Португалија на Мундијалот во Катар. Тој погоди по еднаш во двете полувремиња, му асистираа Кристијано Роналдо и Диого Жота, и може да се каже дека е јунак на средбата.
Македонија и понатаму останува без Светско, оваа генерација покажа дека има квалитет, можеби и заслужи да биде на СП, но Португалија е таа што се радува и ова е нивна прва победа во меч на кој им судел Ентони Тејлор.