19.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Светското првенство 2034 година можеби ќе се игра во 2035?

Светското првенство во фудбал во 2034 година може да се одржи на почетокот на 2035 година.

Таква одлука би можела да се донесе бидејќи муслиманскиот свет месец Рамазан се паѓа во ноември и декември 2034 година, а СП 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија.

Светското првенство во 2022 година во Катар исто така се одржа во зима.

Според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, организацијата сè уште не донела конечна одлука за датумите за Светското првенство во 2034 година. Инфантино е подготвен да ја разгледа опцијата за одложување.

„Ако ги одржуваме турнирите во исто време од годината, март или октомври би биле подобри. Но, декември е невозможен во еден дел од светот, а јули е несоодветен во друг. Размислуваме како да го оптимизираме календарот. Во јули е многу жешко во европските земји. Јуни звучи добро за Европа“, изјави Инфантино.

- Оглас -

Најнови вести