Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на завршницата на Светското првенство, откако и вечерва загуби од Полска, овојпат во Битола со 23:21. Полска на првиот дуел пред неколку дена победи со 22:18, што значи дека по двата меча ракометарките на Македонија загубија вкупно со шест гола и останаа без Мундијалот.
На дуелот во салата „Боро Чурлески“, Полска уште еднаш потврди дека е подобар тим. Гостите во ниту еден момент не дозволија на Македонија да се понадева дека може да победи, а уште помалку да ги анулира четирите гола негатива.
До самиот финиш на средбата беше неизвесно. При резултат 21:21, Полска во завршницата постигна два гола и стигна до триумф.