24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Светското првенство во Катар е попосетено од тоа во Русија пред четири години

Светското првенство во Катар ги оправдува очекувањата и челниците на ФИФА истакнаа податоци според кој овој Мундијал е попосетен од планетарниот собир во Русија пред четири години.

По одиграните 48 мечеви во групната фаза, на трибините на стадионите во Катар имало вкупно 2,45 милиони гледачи, што е дури 96 отсто пополнетост на капацитетите на стадионите, соопштија од ФИФА.

Колку за споредба, на планетарниот собир во Русија пред четири години, на дуелите од групната фаза, на трибините имало вкупно 2,17 милиони гледачи, што е помалку од посетеноста во Катар.

Најмногу навивачи на трибините во Катар досега имало на мечот Аргентина – Мексико, кога на стадионот „Лусиал“ имало вкупно 88.966 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести