Светското првенство во снукер е посебен предизвик за прогнозерите

Натпреварите од Светското првенство во снукер се наоѓаат во богатата понуда на обложувалниците Sport Life, па доколку сакате да ги збогатите тикетите, можете да ги вметнете и дуелите од овој настан. Снукерот е редовен во понудата, но најсилниот турнир, СП, е предизвик сам по себе и доколку имате свои фаворити, можете да уплатите на нивна победа.

СП во Шефилд почна со победа на актуелниот првак Марк Вилијамс, кој со 10-7 во фрејмови го совлада Мартин Гулд. Светскиот првак од 2010 година, Нил Робертсон, има 9-0 против Мајкл Георгиу и вечерва може да ја доврши работата, а попладнево почнува и партијата на некогашниот шампион Шон Марфи, против Кинезот Луо Хонгхао. Во второто коло се пласираше најдобриот кинески играч, Динг Жунхуи, откако го победи Ентони Мекгил.

Најдобрите снукер играчи според светската ранг листа, Рони О`Саливен и Марк Селби, своите мечеви од првото коло ги почнуваат утре.

 

- Оглас -

Најнови вести