Веста која го раздрма фудбалскиот свет, а тоа е информацијата дека Килијан Мбапе го информирал ПСЖ дека си оди по завршувањето на сезонава, отвори многу прашања во клубот кој останува без својот неприкосновен лидер и прв стрелец.
Се зборува дека ПСЖ веќе има план како да ја покрие празнината која ќе се отвори со заминувањето на Мбапе. Светците имаат намера да го купат напаѓачот Виктор Осимен од Наполи и да го вратат плејмејкерот Чави Симонс, кој е во Лајпциг.
Последниот настап на Мбапе во дресот на ПСЖ може да биде на 18 мај, во последното коло на француската лига, и тоа на гости против Мец. Интересно е дека Мбапе и својот прв официјален меч за ПСЖ во септември 2017 година исто така го имаше токму на гостување против Мец.