„Светците“ се чуваа за Барселона: ПСЖ се спасуваше од пораз против најслабата екипа во лигата

Фудбалерите на ПСЖ не успеаја да победат на домашен терен против последнопласираната екипа во француското првенство, Клермон, и одиграа само 1-1. „Светците“ упатија дури 23 удари кон противничкиот гол, имаа посед на топката од 72-28%, но и тоа не беше доволно за победа, а не само што не победија, туку во финишот и се спасуваа од пораз.

Интернационалецот од Мали, Хабиб Кеита, во 32-рата минута ги донесе гостите во водство од 0-1, резултат кој што беше активен се до 85-тата минута. Тогаш Гончалво Рамос ги постави конечните 1-1 на натпреварот.

ПСЖ останува убедливо на врвот во француското првенство со 73 поени, 13 повеќе од второпласираниот Брест.

- Оглас -

Најнови вести