Светците во 93-та минута го шокираа Тотенхем и го оставија без победа (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем и Саутемптон одиграа 3:3 во 28-то коло од Премиер лигата.  Светците од пораз се спасија со голот на Џејмс Ворд-Праус во 93-та минута.

Првиот гол беше постигнат во судиското продолжение од првото полувреме и тоа преку Педро Поро.

Во првата минута од второто полувреме, Саутемптон веднаш дојде до израмнување преку Че Адамс.

Хари Кејн во 65-та минута му донесе ново водство на Тотенхем, а десет минути подоцна Иван Перишиќ погоди за 1:3.

Само две минути подоцна, Тео Волкот намали на 2:3, а Тотенхем без победата остана во 93-та минута кога Џејмс Ворд-Праус го реализира ударот од белата точка.

Со ремито, Тотенхем пропушти шанса да го прескокне Манчестер јунајтед на табелата, остана на четвртото место со 49 бода, еден помалку од Црвените ѓаволи кои имаат и два натпревари помалку.

На ремито на Петлите, сигурно се радуваат и во Њукасл бидејќи имаат два бода помалку и два натпревари помалку.

Победа на гостински терен оствари и Лидс и тоа од 2:4 против Вулверхемптон. Лидс водеше со 0:3, но домаќините во последните 10 минути постигнаа два гола. Сепак, гостите во судиското продолжение со голот на Родриго ја заверија победата.

Астон Вила со убедливи 3:0 го совлада Борнмут со голотите на Даглас Луис, Рамзи и на Бундеиа. Брентфорд и Лестер ги поделија бодовите играјќи 1:1.

- Оглас -

Најнови вести