Sвезда граби кон евролигашкиот плејоф, по големата драма го победи Асвел во Белград

Црвена ѕвезда со нова победа на домашен терен продолжува да ја зацврстува својата позиција за плејофот во Евролигата. Пред „црвено-белите“ во Белград падна и француски Асвел Лион со 73-66. За евролигашот од Белград ова е 15-та победа оваа сезона, со која само ја продолжи борбата за влез во топ-6 екипите и директно учество во четвртфиналето.

Гостите од Франција имаа подобро отворање на мечот и водеа речиси во целата прва четвртина, со исклучок на финишот, кога Црвена ѕвезда направи пресврт и го доби првиот период со 19-18. Во продолжение од мечот сè беше полесно за „црвено-белите“, кои дојдоа и до убедливи +14, но гостите во самиот финиш од натпреварот успеаја да ја намалат оваа предност и да внесат неизвесност во мечот.

Сепак, во пенал-завршницата домашните беа поуспешни и ја сочуваа предноста која долго ја градеа. Кошаркарите на Асвел успеаја да ја добијат само последната четвртина, и тоа со 17-18.

- Оглас -

Најнови вести