Sвездата на Кристал палас, Вилфрид Заха, и познатиот рапер Стормзи станаа сопственици на клубот од деветтата англиска дивизија Кројдон Атлетик.
Идејата на двајцата е да го помогнат клубот од своето соседство бидејќи и фудбалерот и раперот своето детство го минале во близина на стадионот на Кројдон Атлетик.
Стадионот „Мејфилд“ се наоѓа во лондонската населба Тортон Хет и има капацитет за 3.000 гледачи. Целта на Заха и Стормзи е да им обезбедат подобро детство на младите од Јужен Лондон.
Кројдон Атлетик последната сезона ја заврши на 15-тото место од 20 екипи во деветтата англиска дивизија.