Бразилскиот интернационалец во редовите на Астон вила, Фелипе Кутињо, својата кариера ќе ја продолжи на Блискиот Исток, според експерот за трансфери, Фрабрицио Романо.
Кутињо би заминал на едногодишна позајмица во катарскиот клуб Ал-Духаил, кој би ја покрил целата негова плата.
Ова значи дека нема да има ништо од трансферите во Бетис и Бешикташ, кои беа во игра за потписот на Бразилецот и тој кариерата ќе ја продолжи во Катар.