Нотингам форест е многу блиску по пауза од 45 години повторно да игра во Лигата на шампионите, натпреварување кое во еден друг формат го освојуваа двапати, во 1979 и во 1980 година. Раководството на Шумарите веќе се подготвува за овој момент, се бараат засилувања и се преговара со фудбалери, а дури се споменува дека и напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е во плановите на Нотингем.
Сепак, фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо, најавува дека нов фудбалер на Шумарите ќе биде ѕвездата на Аталанта, Адемола Лукман. Фудбалерот од Нигерија има договор до 2026 година, а неговата вредност во моментов се проценува на 60 милиони евра.
Со оглед на тоа дека нема да го продолжи договорот со екипата од Бергамо, раководството на Аталанта сака да заработи на неговиот трансфер, па летово ќе биде продаден. Доколку Нотингам форест успее да ја реализира оваа зделка, тогаш Лукман и тоа како ќе биде големо засилување за следната сезона во Премиер лигата, но и за враќањето во Лигата на шампионите.