Sвездата на Баерн Минхен се посрамоти, го оттурна детето со топките и предизвика хаос на клупата (Видео)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, предизвика вистински хаос во финишот од мечот против Интер на „Џузепе Меаца“. Хрватот во обид побрзо да дојде до топката за да продолжи играта, го оттурна детето кое беше задолжено за додавање на топките, па неговиот потег предизвика хаос на клупата на домашната екипа.

„Секоја екипа на светот се обидува да украде од времето кога има водство. Беше малку глупо од мене што го турнав детето, се извинувам“, рече Станишиќ по мечот.

Неговиот потег остана неказнет од страна на главниот судија на мечот, Славко Винчиќ. 

- Оглас -

Најнови вести