Лоша атмосфера владее во Баерн Минхен после изненадувачкиот пораз од Бохум и речиси загубените шанси за титулата во Бундес лигата. Од клубот информираа дека се брзаат за на авион, па поради тоа Тухел не се појави на официјалната прес-конференција.
Сепак, за време натпреварот можеше да се забележи дека Џошуа Кимих при замената, со солзи во очите го напушти теренот, а потоа влезе во жесток вербален конфликт со помошникот на Тухел. Според информациите на германските медиуми двајцата дури си размениле и пцовки.
https://twitter.com/Skyzeeer/status/1759290572643107303?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1759290572643107303%7Ctwgr%5E562b3859c0b9426cf6377665e2dec8853571c653%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fzvijezda-bayerna-se-na-ivica-suza-sukobila-s-pomocnikom-oglasio-se-i-tuchel%2F240218099