14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Sвездата на Барселона веќе нема да дели автограми, туку ќе ги продава!

Фудбалската јавност во Шпанија е збунета, но и разочара од одлуката на Ламин Јамал, кој најави дека нема веќе да дели автограми, туку ќе ги продава. Разочарувањето најмногу се однесува на неговите фанови, но и на навивачите на Барселона, кои не можат да го сфатат однесувањето на младата ѕвезда на Каталонците.

Сепак, стручната јавност донекаде и го оправдува потегот на Јамал бидејќи сметаат дека фудбалерите во ова модерно време сакаат да имаат финансиска корист буквално од сè, а тука се и автограмите.

Индустријата која произведува спортска опрема сè почесто започнува да продава облека со потпис од некој спортист, а веројатно таков ќе биде и случајот со Ламин Јамал.

Навивачите се надеваат дека доколку направат медиумски притисок, Јамал ќе ја промени одлуката, но во моментов нема никакви најави за тоа.

- Оглас -

Најнови вести