Фудбалерот на Челзи, Весли Фофана, доби забрана да управува моторно возило следните две години, откако се најде пред суд поради осум сообраќајни прекршоци.
Нему неколкупати му беше одзема возачката, а при последниот прекршок беше уловен како вози без важечка возачка дозвола. Освен забраната за возење во следните две години, Фофана ќе мора да одработи и 300 часа општо-корисна работа.
Судијата при изнесување на пресудата му се заканил дека следниот пат кога ќе биде фатен да вози без важечка возачка дозвола, ќе го смести во затвор и тоа ќе биде крај за неговата фудбалска кариера.

