Репрезентативецот на Аргентина, Алехандро Гарначо, кариерата ќе ја продолжи во Челзи, откако медиумите на Островот објавија дека тој веќе ги договорил личните услови со актуелниот светски шампион.
Манчестер јунајтед за трансферот на Аргентинецот ќе добие 40 милиони фунти, а тој ќе се обврзе на седумгодишна соработка.
Гарначо пристигна на „Олд Трафорд“ во 2020 година, уште како 16-годишник, од Атлетико Мадрид за сума од 465.000 евра.