32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Sвездата на Ливерпул доби порака од Клоп, но воопшто не знаел што сака да каже неговиот поранешен тренер

Ливерпул со пресврт го победи Лестер на домашен терен со 3-1, а еден од стрелците беше и младата ѕвезда на „црвените“, Кертис Џонс. 24-годишниот фудбалер потекнува од академијата на Ливерпул, а шанса да дебитира за првата екипа имаше под водство на Јирген Клоп.

После натпреварот добил порака токму од германскиот тренер, но воопшто не знаел што сака да каже Јирген Клоп и за што му честита. Мечот против Лестер е јубилеен, 100-ти за Џонс во дресот на Ливерпул и токму тоа била причината за честитката од Германецот.

„Јирген ми кажа. Бев во соблекувалната, разговарав со соиграчите и го погледнав мобилниот. Обично им испаѓам пораки на семејството, но тогаш ја видов пораката на Клоп во која пишуваше: ‘Ти честитам за 100-тиот натпревар, ти посакувам да дојдеш до 500’ или така нешто слично. Си помислив што мисли со ова 100? Но тогаш проверив на Инстаграм и сфатив дека тоа е мојот 100-ти натпревар во Премиер лигата. Горд сум, апсолутно горд. Пораката е на Инстаграм, па можете и сами да видите. Тој е прекрасен човек, се уште го сакаме, тој ја изгради оваа екипа. Темелите ги постави тој, а Слот само продолжи во ист правец.“ – вели Џонс.

- Оглас -

Најнови вести