Дефанзивецот на Наполи и еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок, кореецот Ким Мин-Јае, во моментов го служи задолжителниот воен рок во својата татковина, Јужна Кореја.
Тој побара и доби дозвола од властите да го отслужи воениот рок малку порано од предвиденото за да може да се врати на фудбалските терени за почетокот на новата сезона. Интерес за Ким има од Баерн Минхен, Манчестер Сити и Њукасл, а неговата откупна клаузула е 60 милиони евра.
Army picture of Kim Min Jae pic.twitter.com/2BhYcgIuN7
— FC Bayern Fan (@fcbayernfan521) June 28, 2023