Репрезентацијата на Нов Зеланд е на само една победа од пласман на Светското првенство во 2026 година и веќе за три дена може да го прослави враќањето на Мундијалите после учеството во 2010 година во Јужна Африка. За тоа ќе им биде потребна победа над Нова Каледонија во финалето од квалификациите на Океанија.
Во полуфиналето славеа со 7-0 над Фиџи, а ѕвездата на Нов Зеланд и на Нотингем форест, Крис Вуд, беше одличен и постигна хет-трик, но и го доби еден од најчудните жолти картони.
Вуд беше заменет во 62-рата минута, па одлучи да ја прескокне оградата од трибините за да дели автограми на навивачите, но и да се фотографира со нив. Тоа не му се допадна на главниот судија, кој му покажа жолт картон.
Chris Wood receives a yellow card for going into the stands to sign autographs after being substituted
byu/molewart insoccer