10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Sвездата на Реал Мадрид со јасна порака: „Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот“

Младата аргентинска ѕвезда, Франко Мастантуоно, минатото лето направи трансфер од Ривер плата во Реал Мадрид за сума од 45 милиони евра. Сепак, многумина во Мадрид ќе останат разочарани од неговата изјава, во која вели дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата.

„Навивам за Реал Мадрид и играм за најголемиот клуб во светот, но најдобриот и најголемиот играч во историјата е Лионел Меси и тоа така ќе остане. Играм со него во репрезентацијата и неверојатен е. Нѐ остава без зборови секојпат кога ќе ја добие топката. Вреди да му се восхитуваш. Неверојатно е што и понатаму нѐ изненадува. Играв со многу квалитетни фудбалери, но да се биде со Меси, е секојдневно искуство и школо. Благодарен сум му како секогаш се однесува со мене. Многу ми помогна“, рече Мастантуоно.

Фудбалерот на Реал Мадрид на своето тело има и тетоважа со датумот кога Аргентина предводена од Лионел Меси го освои Светското првенство во Катар – 18.12.2022.

- Оглас -

Најнови вести