Паоло Дибала пред 18 месеци на големо изненадување на сите си замина од Јувентус како слободен фудбалер после седум години во Торино. Иако не беше по негова воља, сепак заврши во Рома, бидејќи клубот од Рим беше единствениот заинтересиран за неговите услуги.
28-годишниот фудбалер експлодира под водство на Жозе Мурињо и на 53 натпревари успеа да постигне 22 гола и да запише 14 асистенции. Неговиот договор со Рома важи до 2025-тата година, а од денес може да биде купен со попуст, за само 13 милиони евра. Сепак, оваа цена важи само за клубовите кои не се од Италија, а за оние од Серија А цената е 20 милиони евра.
Интересен дел од неговиот договор е тоа што доколку некој италијански клуб понуди 13 милиони евра, а Рома ја одбие таа понуда, ќе треба да му исплати бонус од три до пет милиони евра на Дибала.
Во моментов единствениот заинтересиран клуб за неговите услуги е Ал-Наср од Саудиска Арабија, кој сака да го спои напаѓачкиот тандем од Јувентус, Роналдо – Дибала.