После поразите на Светските првенства во 2018-тата и 2022-рата година, Србија конечно ја победи Швајцарија (2-0), на меч кој се одигра на новиот стадион во Лесковац. Сепак, стадионот на Дубочица не ѝ се допадна на ѕвездата на Манчестер сити, која е навикната да игра во малку поинакви услови.
Мануел Аканџи после натпреварот се жалеше на теренот и рече дека ова е најлошиот стадион на кој некогаш играл.
„Не сакам тоа да биде изговор, но не е лесно да се игра на ваков терен. Ова беше еден од најлошите терени на кои имам играно некогаш. Сепак, без оглед на се, мораше да бидеме подобри. Игравме добро 20 минути, а потоа попуштивме. Едноставно не бевме доволно добри.“ – рече Аканџи.