Sвездата на Сити удри по ФИФА и УЕФА: „Ќе се пензионирам на 30 години!“

Фудбалерот на Манчестер сити и репрезентативец на Швајцарија, Мануел Аканџи, не е задоволен од пренатрупаниот распоред на натпревари и вели дека фудбалерите не можат да го издржат овој ритам.

„Не може само да додавате натпревари и да мислите дека сè ќе остане како и дотогаш. Мора да се мисли и на фудбалерите. Во еден момент ќе бидете заморни, а потоа стигнуваат и повредите. Тренираме добро и подготвени сме, но мора да постои граница. Можеби ќе се пензионирам на 30 години“, вели Аканџи.

Мануел Аканџи оваа сезона одигра по 90 минути на три меча на Манчестер сити и два за репрезентацијата на Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести