Манчестер сити и Ливерпул си дадоа по еден гол во првото полувреме на меѓусебниот дуел од осминафиналето во Лига купот на Англија.
Домашните поведоа со гол на Ерлинг Халанд, кој паузата поради СП ја искористи за одмор и мотивација, па само по 10 минути игра постигна гол на своето деби во ова натпреварување.
Изедначи 20-годишниот Фабио Карваљо, па Црвените покажуваат дека немаат намера лесно да се откажат од трофејот што го освоија минатата сезона.
https://twitter.com/i/status/1606023433996886016