Свиндон испадна од ФА купот, навивачите лудуваа за почесниот гол како да го победиле Манчестер сити (Видео)

Шампионот на Англија, Манчестер сити лесно го елиминира четвртолигашот Свиндон во рамките на ФА купот во прекрасна атмосфера на „Каунти Граунд“ во Свиндон.

Фаворитот победи со 4:1, но главен момент на мечот беше голот на домашната екипа во 78. минута кога Хари Мекирди ја затресе мрежата на Манчестер сити.

Домаќините намалија на 1:3, а околу 15 илјади публика и играчите на Свиндон се радуваа како да го победиле шампионот.

Головите за Сити ги постигнаа Бернардо Силва, Габриел Жезус, Илкај Гундоган и Кол Палмер.

Гостите промашија и пенал во 62. минута кога Жезус беше непрецизен од белата точка.

Манчестер сити е првата екипа што се пласираше во 1/16-финалето на националниот куп на Англија.

- Оглас -

Најнови вести