Игра Свјатек го фати последниот воз за четвртфиналето на Ролан Гарос по триумфот во два сета со 6-3 и 6-4 над Марта Костјук. Актуелната шампионка во Франција и натаму гази беспрекорно и уште не знае за загубен сет.
За час и половина Свјатек ја заврши работата, со по два брејка во двата сета рутински си го отвори патот до топ 8 фазата, иако украинската тенисерка ѝ ја одложи победата за еден гем.
Во четвртфиналето бранителката на Ролан Гарос во женска конкуренција ќе се соочи со Мариа Сакари.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1402003209347112960