Српскиот интернационалец, Лука Јовиќ, своевремено важеше за голема надеж на Реал Мадрид и вредеше неверојатни 60 милиони евра, но следните две сезони ќе го носи дресот на АЕК од Атина.
„Кралевите“ во 2019 година го купија од Ајнтрахт Франкфурт за сума од 63 милиони евра, но никогаш не ги оправда ниту очекувањата, ниту вложените средства, а потоа како слободен фудбалер се пресели во Фиорентина, која го продаде за 500.000 евра на Милан.
Јовиќ не се наметна ниту во Милан, па сега како слободен агент се пресели во АЕК, а неговиот трансфер е отценет како најголем ова лето во грчкиот фудбал. Србинот потпиша договор на две години и ќе заработува по 2,5 милиони евра по сезона, а за потписот доби и дополнителен бонус од еден милион евра. Неговата заработка може да биде и далеку поголема, а се ќе зависи од неговиот личен придонес и успехот на клубот.