Своевремено важеше за најголемиот талент на Милан, а сега потпиша во третата италијанска лига

Хашим Мастур своевремено важеше за еден од најголемите таленти на Милан, но и на италијанскиот фудбал. Сепак, неговата кариера не се одвиваше според планот, а ниту прифаќањето на повикот да игра за земјата на неговите родители, Мароко, не му помогна многу.

За Мароко настапи само на еден меч, иако е роден во Реџо Емилија, па по позајмиците во Малага и Цволе, беше ослободен од обврските кон Милан и потпиша за грчкиот клуб Ламија. Следуваше враќање во Италија, во екипите на Реџина и Карпи, а потоа и трансфери во Мароко, во Земамра и Унион Туарга.

Сега повторно се враќа во Италија, во обид да си ја оживее кариерата на 27-годишна возраст. Мастур потпиша едногодишен договор со италијанскиот третолигаш Виртус Верона, со опција тој да биде продолжен за уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести