Тадиќ бесен на Роки: Нè уништи, ни ја украде победата

Колку и да се чини неверојатен камбекот на Челзи против Ајакс од 1-4 на 4-4, капитенот на Копјаниците, Душан Тадиќ, го обвини судијата Џанлука Роки дека им ја одзел победата на гостите од Амстердам. Ајакс до убедливата предност дојде по 55 минути игра и беше на прагот од голема победа во Лондон, но во последните драматични дваесетина минути Сините се вратија во игра и беа блиску до пресврт бидејќи им беше поништен гол за 5-4 поради играње со рака на Аспиликуета.

По мечот, своето незадоволство го истакна Тадиќ, кој вели дека никогаш во својата кариера не доживеал ваков начин на судење.

„Ова што се случи не е реално. Судијата буквално ни ја одзеде победата. Држевме сè под контрола, бевме подобри од Челзи речиси во целиот натпревар. Едноставно, не разбирам како може во еден напад да додели два црвени картони. Никогаш претходно не сум видел тројна казна за толку краток период. Останавме без двајца играчи, а згора на сè, тие добија и втор пенал. Потоа сè се смени, испуштивме убедлива предност и останавме без победата бидејќи фудбалот не може да се игра со деветмина играчи“, изјави Тадиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести