Врвни дриблинзи, хируршки прецизни асистенции, еврогол – Така најлесно и најбрзо може да се опише вчерашниот настап на Душан Тадиќ во победата на Ајакс против Реал Мадрид со 4-1. Српскиот репрезентативец вчера воодушеви со својата игра, учествуваше во три од четири гола на „копјаниците“, па доби највисока можна оценка од францускиот медиум „Л’екип“.
Тој е само деветти фудбалер кој одиграл за чиста „десетка“, но кои се останатите осуммина играчи кои биле високо оценети според францускиот медиум.
Нејмар – ПСЖ 8-0 Дижон (17-ти јануари 2018г.), четири гола и две асистенции
Kaрлос Едуардо – Генгам 2-7 Ница (26-ти октомври 2014г.), пет гола
Роберт Левандовски – Б. Дортмунд 4-1 Реал Мадрид (24-ти април 2013г.), четири гола
Лионел Меси (во два наврати) Барселона 4-1 Арсенал (шести април 2010г.), четири гола; Барселона 7-1 Б. Леверкузен (седми март 2012г.), пет гола
Ларс Винфелд – Нант 0-1 Аарус (1997 година)
Олед Саленко – Русија 6-1 Камерун (1994 година), пет гола
Франк Сози – Франција 3-0 Грција (1988 година), два гола
Бруно Мартини – Франција 3-0 Грција (1988 година)