Тадиќ го покажа балканскиот темперамент и се скара со соиграч на сред меч (видео)

Несекојдневна ситуација се случи за време на вчерашниот дуел меѓу Херенвен и Ајакс во холаднската Прва лига. Капитенот на гостите Душан Тадиќ за малку ќе го истепаше помладиот соиграч Сержињо Дест откако српскиот репрезентативец ги загуби нервите и на сред меч почна да се распава со соиграчот.

Инцидентот се случи пред финишот на првото полувреме, Тадиќ се обиде да ја сочува топката покрај аут-линијата, а очигледно имаше што да му каже на Дест кој требало да биде позициониран за да прими топка. Младиот играч уште имаше храброст да му врати на Тадиќ, по што овој му пријде да му одржи дополнителна лекција.

- Оглас -

Најнови вести