Нападите врз Душан Тадиќ за наводен расизам по инцидентот со Турчинот Оркун Кокчу од Феенорд дојдоа и до смртни закани кон Србинот од Ајакс, па Тадиќ се огласи за да објасни што сакал да му порача на ривалскиот колега кога му покажуваше јадење, што беше толкувано како провокација против муслиманот за време на рамазанските пости.
„Тоа за расизмот се глупости. Едноставно го турнав на земја во еден дуел и тој скокна на мене. Јас го прашав дали де вкусна тревата, а потоа му порачав да оди почесто во теретана. Тоа е, ништо друго, но се спинуваше многу и се правеа измислени приказни“, објасни Тадиќ.