35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Тадиќ нема да потпише за Црвена ѕвезда, кариерата ќе ја продолжи во европски великан

Фудбалска Србија го очекуваше враќањето на Душан Тадиќ во татковината по пауза од 15 години, со оглед дека имаше милионска понуда од Црвена ѕвезда, но сепак, тоа нема да се случи, барем засега. Неофицијално, 36-годишниот фудбалер ја прифатил понудата од Атлетико Мадрид и неговата официјална презентација се очекува да биде веќе утре.

Тадиќ имаше понуди да се врати и во матичниот клуб Војводина, но неговиот потпис го посакуваа и Парма, Олимпијакос, како и екипи од Русија и САД. Сепак, Србинот се одлучил да ја прифати понудата на најзвучната екипа од споменатите.

Трансферот во Атлетико Мадрид е вистинско изненадување, со оглед на возраста на фудбалерот, но се чини дека Чоло Симеонe има други планови.

Тадиќ во својата кариера настапуваше за Војводина, Гронинген, Твенте, Саутhемптон, Ајакс и Фенербахче, а на 36-годишна возраст ќе го направи и трансферот на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести