Тадиќ се извини откако се фалеше дека е најдобар фудбалер на Србија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Душан Тадиќ прв пат јавно се огласи по коментарот што го даде по поразот од Англија (0:1) во првото коло на ЕП 2024. Тадиќ на тој меч беше резерва и во игра влезе во второто полувреме, а по завршување на натпреварот рече „Мислам дека сум најдобриот играч во овој состав, без лажна скромност. Секако дека мислам дека требаше да бидам стартер“. 

Оваа изјава на Тадиќ предизвика реакции кај многумина, а сега капитенот реши да се извини, посочуваат од фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

„Беше одржан состанок на кои присуствуваше стручниот штаб на селекцијата и фудбалерите. Капитенот Душан Тадиќ ја искористи можноста да се извини на селекторот и на соиграчите поради непромислената изјава дадена по дуелот со Англија. Селекцијата на Србија според планот и програмата се подготвува за вториот натпревар на ЕП“, стои во дел од известувањето на ФСС.

Во второто коло од ЕП, Србија ќе игра против Словенија.

 

- Оглас -

Најнови вести