Капитенот на Ајакс Душан Тадиќ имаше непријатна ситуација на гостувањето кај Витезе, во последото коло од холандското првенство. Ајакс уште пред овој меч ја имаше прославено новата титула, па резултатот од 2:2 не беше причина за разочарување кај гостите.
Голем број на навивачи на Ајакс беа на стадионот да ги поздрават своите миленици, а по завршување на дуелот, фудбалерите заминаа кон трибината, за да им ги дадат дресовите.
Капитенот Тадиќ сакаше да дојде блиску до трибината, но тогаш се појавија луѓето од обезбедувањето кои едноставно не му дозволија на фудбалерот да дојде до трибината. Еден од луѓето од обезбедувањето буквално го турна Тадиќ и му се закани дека ќе примени поголема сила, доколку сака повторно да се качи на скалите.