Тага во Англија, почина некогашен репрезентативен голгетер

Во пресрет на финалето на Европското првенство, англискиот фудбал го потресе трагедија, на 68-годишна возраст почина Пол Маринер, поранешниот репрезентативец на Англија, кој на 35 настапи, даде 13 гола за Гордиот Албион.

Маринер почина од рак на мозокот, и за малку не дочека првпат да ја види Англија во финале на ЕП. Инаку, беше во составот на Англија на Мундијалот во Шпанија во 1982 година.

Маринер беше еден од најдобрите англиски напаѓачи во седумдесеттите и првата половина на 80-тите години.

Тој почна во Плимут, но стана легенда на Ипсвич таун, клуб со кој во 1981 година направи сензација и го освои Купот на УЕФА (денешна Лига Европа), а во 1978 година го освои англискиот ФА куп. Подоцна играше и за Арсенал и Портсмут, а кариерата ја заврши во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести