Тага во Челзи, им почина најлегендарниот голман

Поранешниот чувар на мрежата на лондонски Челзи, Питер Бонети, ја загуби долгата битка со болеста, и почина на 78-годишна возраст. Бонети кој беше познат во Англија под прекарот мачка поради рефлексите што ги имаше, до 2014 година го држеше клупскиот рекорд по бројот на мечеви по ред без примен гол, пред тој рекорд да биде урнат од Петр Чех.

Бонети од 1960 до 1979 година имаше дури 729 настапи во дресот на Челзи, со што е втор на вечната клупска листа зад Рон Херис, а бранеше и за англиската репрезентација. Беше член на националниот тим на Англија кој стана светски првак во 1966 година, но не настапи на тој Мундијал, бидејќи беше резерва. Но, затоа бранеше во четвртфиналето на СП 1970 година, во поразот од Германија, кога го замени болниот Гордон Бенкс.

- Оглас -

Најнови вести