Тага во Фиренца: Почина генералниот директор на Фиорентина

Членот на Серија А, Фиорентина, преку социјалните медиуми ја извести јавноста дека попладнево починал генералниот директор Џо Бароне, кому му се слошило во неделата, кога екипата го напуштала хотелот и требало да тргне на пат кон стадионот да го одигра дуелот против Аталанта.

Од таа причина натпреварот против Аталанта беше одложен. Бароне минатата среда наполни 58 години, а функцијата во Фиорентина ја извршуваше од 2019 година.

„Со неизмерна тага Фиорентина ја потврдува загубата на еден од своите водечки луѓе, човекот кој ја обележа новата ера во историјата на клубот и никогаш нема да биде заборавен“, се вели во соопштението на Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести