Еден на најдобрите фудбалери во историјата, Франц Бекенбауер, почина денес на 78-годишна возраст. Повозрасните љубители на фудбалот на него се сеќаваат како на еден од најдобрите дефанзивци кои играле на зелените терени.
Во 1974-тата година како капитен на Западна Германија го освои Светското првенство, а две години претходно и Европското првенство.
Во клупската кариера, 13 сезони настапуваше за првата екипа на Баерн Минхен со кој освои по четири трофеи од Бундес лигата и Купот на Германија, а трипати се радуваше на трофејот од Европскиот куп, паднанот на денешната Лига на шампиони. Настапуваше и за Њујорк космос и Хамбугер.
Како тренер, односно селектор за предводеше репрезентацијата на Западна Германија до трофејот од Светското првенство во 1990-тата година.