30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Тага во Реал Мадрид и Милан, почина легендарниот тренер

Легендарниот италијански тренер Вилијам Веки почина на 73-годишна возраст. Веки беше поранешен голман на Милан, Калјари, Комо и СПАЛ, а по завршувањето на играчката кариера реши да стане тренер.

Тоа е тренерот кој во средината на 90-тите години го откри Џанлуиџи Буфон. Веки има работено и во Јувентус, а потоа на покана на Карло Анчелоти дојде да работи во Милан. Беше еден од луѓето на кои Анчелоти најмногу му веруваше и на „Сан Сиро“ се задржа до 2013 година. Кај Росонерите работеше со голмани како Дида, Абијати, Амелија и Рома.

Потоа, повторно по реакција на Анчелоти, Веки замина во Реал Мадрид, каде што ги тренираше Икер Касилјас, Кејлор Навас и Диего Лопес. Во Реал беше до 2015 година и тогаш ја заврши кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести