Столе Димитриевски ќе треба да почека друга прилика за да го има првиот настап на официјален натпревар за Валенсија. Дуелот на Лилјаците со нисколигашот Парла Ескуела од Купот на Шпанија, кој требаше да се игра вечерва, е одложен.
Одложен е и мечот Понтеведра – Леванте.
Во провинцијата Валенсија има незапамтени поплави, има повеќе од 50 мртви, третиот клуб по големина во Шпанија немаше начин како да отпатува до Мадрид, па средбата е одложена и ќе се игра следната среда, на 6 ноември.
Димитриевски е резерва на Грузиецот Мамардашвили, но Купот е натпреварување во кое обично шанса добиваат резервистите, особено во првите кола, и реално беше Столе да се најдеше меѓу стативите вечерва. Вака ќе почека до викендов, кога Валенсија го пречекува Реал Мадрид во лигата, или поверојатно до среда во Купот.