Тага во Србија, почина 15-годишен кошаркар, и тоа на својот роденден

Тажни вести ја потресоа српската кошарка, откако почина 15-годишниот кошаркар од Белград, Стефан Стаменковиќ.

Младиот талент беше член на кошаркарскиот клуб Радивој Кораќ, кој со голема тага ја соопшти веста за неговото заминување.

„Со огромна болка ве известуваме дека утрово, на својот роденден, нѐ напушти нашиот играч, другар, пријател и брат Стефке. Сите моменти поминати со тебе ќе ги чуваме во нашите срца засекогаш“, се вели во соопштението на клубот.

Тажната вест ја потресе кошаркарската заедница, а бројни спортски работници и клубови во Србија му оддаваат почит.

Причината за смртта сè уште не е позната.

Инаку, кошаркарскиот клуб Радивој Кораќ е основан во 1972 година во Белград, а од 1990 година е фокусиран на развој на млади таленти, со повеќе од 250 кошаркари и кошаркарки до 17 години кои моментно тренираат во клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести