Тајм-аутот на Пешиќ кој ги разбуди Србите: Ви даде 20 поени, и вие само гледате, па кој ви е… (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Србија обезбеди пласман во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, откако по голема драма и продолжение славеше против селекцијата на Австралија со резултат 95:90 (17:31, 25:23, 25:11, 15:17, 13:8).

По очајни 20 минути на почетокот на натпреварот, Србите направија неверојатен пресврт и успеаја да надоместат негатива од 24 поени, што го прави овој успех уште поголем.

Големиот пресврт започна да се „крчка“ уште средината на втората четвртина, кога селекторот Светислав Пешиќ јасно им стави до знаење на своите играчи колку е незадоволен од одбраната против Пети Милс, кој ги мачеше српските кошаркари.

„Пет пати минува Милс, ниеден фаул не шутира. Колку фаули шутираше Милс!? Двапати во 20 поени! И вие го гледате, кој к…ц!? Дваесет поени ви дава, не правите ниеден фаул! Сакаме да победиме, на кој начин? ‘Ајде удрете малку, направете фаул, направете пет пенала!“, грмеше Пешиќ на тајм-аутот.

И потоа започна пресвртот…

- Оглас -

Најнови вести