„Тајмаутот“ заврши, утре продолжува кошарката во Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија објави соопштение во кое потврди дека ‘бојкотот’ на судиите е ставен во мирување и направено е делегирање за мечевите од машкиот плејоф и плејаут кои ќе се играат утре.

„Во текот на оваа седмица, а согласно роковите од Судиската организација, КФСМ ќе ги комплетира долговите кон судиите, со исклучок на Првата МТЕЛ лига (мажи). Преостанатите шест неисплатени кола од ова натпреварување ќе бидат исплатени откако клубовите од оваа лига ќе ги исплатат своите долгувања кон КФСМ.

Клубовите од Првата МТЕЛ лига (мажи) заклучно со денес, 22.04.2025, ѝ должат на Федерацијата 2.721.000,00 денари по основ казни по издаден билтен и лиценци за странски играчи.

За потсетување, Раководството на КФСМ неколкупати одржа состаноци со претставниците на клубовите од Првата МТЕЛ лига (мажи) на кои беше унифициран ставот дека во моментов, како и останатите спортски клубови во државата, не се во можност да ги подмират своите долгови поради неисплатените финансиски субвенции од соодветниот надлежен орган, со најава дека веднаш по нивното реализирање ќе бидат подмирени нивните долгувања.

Во очекување на исплатата на државните субвенции, а во интерес на кошарката, соодветните канцеларии за натпреварување при КФСМ, за младински и за сениорски лиги, ќе извршат делегирање на натпреварите за тековната седмица за продолжување на првенството“, објавија од Федерацијата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести