Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добро се бори против помладите колеги и покрај тоа што има 37 години, а тајната можеби лежи во пијалокот што Ноле го пие секое утро на празен стомак.
Голем број на спортисти ширум светот му се восхитуваат на Ѓоковиќ и неговата одлична физичка форма иако веќе е во редот на ветерани. Секако, тоа е поврзано со начинот на живот, посветеноста на тренинзите, како и многу други работи, но тајната можеби е и во пијалокот што Србинот го пие секое утро.
Ноле има сок што го пие на празен стомак, веднаш штом стане од спиење.
„Денот го започнувам вака. Земам топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ѕиркам во мојата омилена фиока во фрижидерот каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење, за да добијам сок од целер. Овој сок е полн со минерали, соли и други неоткриени елементи кои го чистат црниот дроб. Тоа прави чуда за мене, за сопругата и за нашите деца“, откри Ѓоковиќ кој е најуспешниот тенисер на сите времиња со рекордни 24 грен слем титули, има поминато најмногу време на врвот на АТП листата, 428 недели, а има и злато од Олимписките игри.