Тајното гласање го одреди капитенот на Арсенал

Гранит Џака и дефинитивно е назначен за капитен на Арсенал во оваа сезона, тоа е изборот на целиот тим кој се изведе преку тајно гласање. Швајцарскиот играч за врска ја доби оваа одговорност уште на стартот на сезоната откако си замина Лоран Кошќелни, но Унаи Емери досега ги немаше разрешено дилемите.

Одлуката ја остави да се донесе меѓу самите играчи, а во изборот меѓу петте фудбалери, Џака, Давид Луиз, Холдинг, Белерин и Озил довербата ја доби токму Швајцарецот. Останува уште да се одреди кој ќе биде заменик-капитен, а таму конкурираат голгетерите Александер Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг.

Со назначувањето на капитенот, јасно е дека Џака ќе биде редовен стартер кај Емери, а како официјален предвоник на тимот ќе се појави во понеделник на „Олд Трафорд“, кога Арсенал ќе гостува кај Манчестер јунајтед во дербито од седмото коло во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести