Тајрон Лу на клупата на Клиперс

ЛА клиперс одлучи да му даде шанса на Тајрон Лу, кој до неодамна му беше прв асистент на Док Риверс пред разрешувањето на екстренерот на Бостон селтикс. Според американските медиуми, Лу треба да потпише договор со Клиперс до 2025 година, па ќе биде прекомандуван во прв тренер.

Лу претходно го предводеше тимот на Кливленд кавалирс, со кого стигна до три последователни финалиња во НБА-лигата, а во 2016 година ја освои единствената титула на франшизата од Охајо на чело со Леброн Џејмс.

Се шпекулира дека десна рака на Лу ќе му биде Чонси Билапс, кој пак е кандидат за прв тренер на Индијана пејсерс.

- Оглас -

Најнови вести